Законска рамка на Комисии за односи меѓу заедниците ...
Законска рамка на КОМЗ
Од досегашното искуство во соработката со општинските совети и со Комисиите за односи меѓу заедниците, интересно е тоа што различни општини даваат различни толкувања на Законот за локална самоуправа и соодветно на тоа и ги донесуваат и одлуките. Тоа упатува на фактот дека постојат недоречености во Законот, кои се рефлектираат врз работата на КОМЗ и предизвикуваат потешкотии при нивното функционирање.
Според Законот за локална самоуправа, донесен во 2002 година, работата на овие Комисии е дефинирана со членот 55 и членот 41.
Членот 55 од Законот за локaлна самоуправа гласи:
- 1. Во општината во која најмалку 20% од вкупниот број на жители на општината утврден на последниот извршен попис на населението се припадници на одредена заедница се формира комисија за односи меѓу заедниците.
- 2. Комисијата од ставот 1 на овој член ја сочинуваат подеднаков број претставници од секоја заедница застапена во општината.
- 3. Начинот на избор на членовите на комисијата се уредува со статут.
- 4. Комисијата ги разгледува прашањата кои се однесуваат на односите меѓу заедниците застапени во општината и дава мислења и предлози за начините за нивно решавање.
- 5. Советот на општината е дожен да ги разгледа мислењата од ставот 4 на овој член и да одлучи во врска со нив.
Според членот 41 од Законот за локална самоуправа:
- (1) Советот може да работи ако на седницата присуствуваат мнозинство од вкупниот број членови на советот.
- (2) Советот одлучува со мнозинство гласови од присутните членови, ако со закон и со статутот поинаку не е определено.